Историска црква во Менхетен во Њујорк изгоре во пожар што се прошири од зградата до неа.

Црквата каде служба одржуваше една од најстарите верски организации во градот, изгоре во пожар што изби рано утрово по локално време во празна станбена петканица веднаш до црквата.

Црквата е изградена во 1892 година, а во неа служба одржуваше верска организација која датира од основањето на населбата на протестантските доселеници од Холандија во текот на дваесеттите години на седумнаесеттиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.