Парламентот на Либија изгласа недоверба на преодната влада на премиерот Абделхамид Дбеиба, три месеци пред клучните парламентарни и претседателски избори што треба да ја извадат земјата од деценија на хаос.

Осумдесет и девет од 113 присутни пратеници и изгласаа недоверба на владата – изјави портпаролот на парламентот, чие седиште е во Тобрук, на истокот од земјата.

Гласањето е две недели по ратификацијата на контроверзниот изборен закон што предизвика тензии меѓу ривалските страни во земјата.

Гласањето се одржа зад затворени врати во присуство на претседателката на парламентот Агила Салех, сојузник на командантот Калифа Хафтар, главниот човек на истокот на земјата.

Високиот совет на државата Либија, тело што служи како Сенат со седиште во Триполи, реагираше брзо, наведувајќи дека ја отфрла таа постапка, ја смета за ништовна и смета дека ја крши уставната декларација и политичкиот договор од 2015 година.

Либија се обидува да излезе од една деценија насилство по падот на Моамер Гадафи во 2011 година и хаосот обележан со постоењето на две ривалски власти на источниот и западниот дел од земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.