Проблемите со десетици електронски машини за броење гласови во Аризона беа искоритени во вторник од страна на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и неговите поддржувачи, тврдејќи дека тоа е доказ за изборна измама извршена од демократите.

Само неколку часа пред изборите, официјален претставник на округот Марикопа им изјави на новинарите дека околу 20 отсто од електронските машини за броење гласови во најнаселениот округ во државата не функционираат и дека се ангажирани техничари да ги поправат.

Додаде дека и покрај проблемите ќе се пребројат сите гласови. Тој ги нарече грешките „разочарувачки“ и предвиде дека „теоретичарите на заговор како Трамп ќе го експлоатираат проблемот“.

Официјални лица од округот Марикопа рекоа дека проблемот влијаел на околу 60 машини, на четвртина од избирачките места во округот Марикопа, и дека до 14 часот, осум часа по почетокот на гласањето, 17 биле поправени со промена на поставките на печатачот.

Републиканската кандидатка за гувернер Кери Лејк, која ги повтори тврдењата на Трамп за украдените претседателски избори во 2020 година, исто така, посочи на несфатливиот проблем со машините за броеање на гласовите, испраќајќи „предупредување до гласачите“ на Twitter

Лејк подоцна им кажа на новинарите дека не наишла на никакви проблеми кога гласала во, како што рече, левичарски дел од градот.

„Бевме во право што дојдовме да гласаме во либерална област. Мора да го решат овој проблем“, рече Лејк.

Трамп, Лејк и други бараат да се стави крај на електронските машини за гласање, гласање само на денот на изборите и користење само хартиени гласачки ливчиња и рачно броење, процес за кој нивните политички противници велат дека одзема време, скап е и наводно многу помалку прецизен од машината за броење.

Во 2020 година, Бајден тесно ја освои Аризона со само 12.000 гласови. Во земјата доминираа тврдењата на Трамп и неговите поддржувачи дека претседателските избори пред две години биле наместени на негова штета. Сите главни републикански кандидати во Аризона оваа година ги прогласуваат претседателските избори за неважечки, вклучително и Лејк.

Неисправноста на машините ја поттикна недовербата кај многу републикански гласачи во Аризона кои веруваат дека тоа е измама, особено откако Трамп ја објави изјавата на неговата платформа Truth Social.

„Од Аризона пристигнуваат извештаи дека гласачките машини не работат правилно во областите со републиканци/конзервативци“, рече Трамп, додавајќи: „Повторно одиме? Народот нема да дозволи!!“

Трамп гласаше на Флорида и рече дека очекува победа на републиканците. „Мислам дека ќе имаме одлична ноќ“, рече тој.

Првите гласачки места се затвораат во 18 часот по локално време во делови на Индијана и Кентаки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.