Судот во американската сојузна држава Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инекција на осуденикот Ричард Бернард Мур (55) поради недостиг на инекции.

Официјални лица од затворот соопштија дека не успеале на време да ја набават смртоносната супстанца.

По повеќе одбиени молби за помилување, Мур требало да биде усмртен минатиот петок со вбризгување на смртоносна инекција.

Тој е осуден на смрт пред повеќе од 20 години за убиство на работник за време на грабеж на продавница и од тогаш чека извршување на смртната казна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.