Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на Советот за одбрана поради затворањето на нафтоводот „Пријателство“ и ракетниот напад во Полска, потврдил шефот на печат на Орбан, Берталан Хаваси, за агенцијата МТИ. Веста ја пренесоа и други светски агенции.

Украина вечерва повторно беше погодена од силен ракетен оган, при еден од нив беше оштетен енергетскиот контролор на нафтоводот Баракаг, при што привремено беше прекинат транспортот на нафта за Унгарија. МОЛ соопшти дека во моментов не е загрозена испораката на сурова нафта од Украина за Унгарија.

Попладнево две залутани ракети убија двајца жители во село во Полска, на границата со Украина. Тие залутале од силниот ракетен напад врз Украина кој го спроведоа Русите, со најмалку 85 ракети уништувајќи енергетска инфраструктура. Најмалку две згради во Киев се оштетени. Според Асошиејтед Прес ракети залутале и во Молдавија која пријави оштетена инфраструктура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.