Италијанската полиција во голема акција  и нанесе сериозен удар на организацијата  „Ндрангета“ познатата познатата мафијашка група од Калабрија .Уапсени се криминалци низ цела Италија но и во во Германија, Шпанија и во Романија.

Мафијашите нелегално одземале недвижности вредни повеќе од милиони евра, а сите сметки во банки им се замрзнати.

„Ндрангета“ обединува стотина автономни кланови, се занимава со големо производство и продажба на наркотици, перење пари, рекет, проституција, трговија со луѓе и шверцување оружје. Годишно заработува неверојатни 44 милијарди евра

Оваа мафија стана за Македонија интересна откако ВМРО-ДПМНЕ откри дека Валид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.