Директорката на Одделот за инфективни болести во болницата „Умберто први“ во Сиракуза, Италија, Антонела Франко, за италијанските медиуми изјавила дека е добила позитивен тест на Ковид-19 откако била вакцинирана.

Франко вели дека сега повотрно ќе ја прими вакцината.

Повторно ќе бидам вакцинирана (потребно е да се вакцинира двапати), бидејќи тоа е единствената шанса да победам во оваа борба. Ако не бев вакцинирана, вирусот сигурно ќе ми предизвикаше поголема штета.  

Вакцината произведува протеин спајк, кој помага да се создадат антитела против Ковид и го блокира вируелното напредување на вирусот. Тоа ќе овозможи блокирање на репликацијата на вирусите и ќе ги намали патогените ефекти на вирусот – изјави Франко.

Лекарката исто така соопштила дека била тестирана и пред вакцинацијата, при што резултатот бил негативен и дека сигурно била во процес на инкубација.

Претседателот на Вишиот здравствен совет, Франко Локатели, интервенирал и дал изјава за медиумите, велејќи дека вакцината овозможува имунизација само по втората доза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.