Еден Италијанец се шокирал кога на купената кутија цигари на фотогафијата која предупредува на опасноста од пушењето ја видел неговата сопруга која починала пред повеќе од една година. Педестгодишниот маж бил непријатно изненаден и повреден по што решил да тужи.

За неавторизирано преземање фотографија и јавно објавување тој поднел тужба со барање отштета од 100 милиони евра.

Локалниот италијански весник „Ил ресто дел карлино“ мажот кој случајно ја препознал неговата сопруга на кутијата за цигари на која таа е со загубена коса, вели дека таа починала во 2017 година, но не била пушач.

Не е објавено која тутунска компанија ја презела сликата на починатата жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.