Италијанската полиција објави дека запленила рекордна количина амфетамини во форма на 84 милиони таблети произведени во Сирија.

Ова е најголема количина на амфетамин што полицијата досега ја запленила на глобално ниво“, рече полковникот Доменико Наполитано, директор на финансиската полиција во Неапол.

Пазарната вредност на дрогата запленета во Салерно, јужно од Неапол, е една милијарда евра, се вели во соопштението на италијанската полиција.

Таблетите имаат два полукруга на нив, знак на каптагон кој се смета за наркотик и се користи за „финансирање на тероризам“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.