Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца рече дека националниот карантин наметнат за ограничување на ширењето на коронавирусот ќе биде продолжен барем до Велигден, јави ДПА.

Велигден за католиците е оваа година на 12 април, а тековните рестриктивни мерки истекуваат на 3 април. 13 април во Италија е неработен ден.

Министерот рече дека одлуката за продолжување на карантинот е по препорака на научните советници на кабинетот.

– Владата ќе оди во таа насока, додаде Сперанца.

Италија е најтешко погодена од епидемијата на коронавирусот. Во неа се регистрирани една третина од смртните случаи во светот. Од почетокот на епидемијата, што почна во северните региони на 21 февруари, во Италија починаа 11.591 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.