Италија ја спречи телекомуникациската компнанија „Фаствеб“ да потпише договор со „Хуавеи“ за снабдување опрема за својата 5Г основна мрежа, велат два извори блиски до ова прашање, што е најјасниот знак досега дека Рим зазема поостар став против кинеската групација, пишува Ројтерс.

Одлуката донесена на состанокот на владата доцна во четвртокот е првпат Италија да стави вето на договорот за снабдување опрема за 5Г од компанијата Хуавеј.

При посетата на Италија во септември, државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја опиша кинеската компанија за телекомуникации како закана за националната безбедност на Италија.

Хуавеј остро ги отфрли вакцвите обвинувања, а од претставништвото во Италија соопштија дека се подготвени да подлежат на секаков надзор за да покаже дека нивната технологија е безбедна.

И покрај тоа, на состанок во четвртокот, владата ги искористила нејзините специјални овластувања за да ги блокира Фаствеб, италијанската подружница на Свиском, да спроведат договор за снабдување на компанијата со најчувствителниот дел од нејзината мобилна мрежа од петтата генерација, вели висок владин извор за Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.