Италија воведува задолжително тестирање на Ковид-19 за луѓе кои доаѓаат од Париз и некои други области во Франција.

Европските податоци се загрижувачки. Италија е подобра од другите земји, но мора да бидеме внимателни – напиша на Твитер италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца.

Според портпаролот на италијанското Министерство за здравство, новото тестирање ќе почне од утре.

Француските власти вчера регистрираа нови 10.569 случаи на заразени со новиот корона вирус, нешто помалку од претходниот ден кога беше забележан рекорден број од 13.498 новозаразени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.