Италија го мина прагот од 60.000 по.чинати лица од ковид-19, соопштија денеска тамошните власти. Од полчетокот на пандемијата во земјата се забелеќани 1.728.878 милиони инфекции со смртен исход кај 60.078 лица, наведе италијанското Министерство за здравство и предупреди дека не треба да се ублажуваат мерките против вирусот за Божик и Нова година.

Премиерот Џузепе Конте минатата недела најави низа на мерки за време на претстојните празници. Дел од нив предвидува забрана за движење по региони во периодот од 21 декември до 6 јануари, мерка што се однесува на оние граѓани кои имаат куќи во други делови на Италија.

Движење ќе биде забрането и меѓу општини на 25 и 26 декември, односно на 1 јануари, а во новогодишната ноќ на сила ќе биде „полициски час“ од 22 часот на 31 декември со 5 часот на 1 јануари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.