Италијанските пристаништа не можат да се сметаат за безбедни поради епидемијата на коронавирусот и нема да дозволат впловување на хуманитарни бродови со мигранти, одлучи Владата во Рим.

Одлуката е донесена синоќа откако брод под знамето на германската невладина група Морско око спаси околу 150 луѓе во близина на Либија и плови кон Италија.

За време на целата вонредна состојба поради ширењето на коронавирусот, италијанските пристаништа не можат да ги гарантираат потребните услови и да бидат дефинирани како безбедни места, се вели во уредбата.

Одлуката ја потпишаа министрите за внатрешни работи и за транспорт, како и министерот за здравство Роберто Сперанза, кој доаѓа од левичарската партија, која секогаш поддржува кампањи за заштита на мигрантите и хуманитарни операции.

Од вирусот во Италија досега почина повеќе од 17 илјади лица што е најголем број на жртви во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.