Италија денеска ги заостри мерките против оние кои не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, па им го ограничи пристапот до бројни услуги, додека владата обврза многу државни службеници да се вакцинираат.
Со владина уредба од 15 декември, оние кои не биле вакцинирани нема да можат да влегуваат во кина, ресторани, хотели и спортски сали, додека сите што користат јавен превоз мора да бидат вакцинирани или да имаат негативен ПЦР тест од 6 декември, објави Ројтерс.
Мерките ќе траат најмалку до 15 јануари.
Владата ја прошири и задолжителната вакцинација на целокупниот училишен персонал, полицијата, армијата, додека здравствените работници, за кои вакцинацијата е веќе задолжителна, ќе мора да добијат засилена доза доколку сакаат да ги задржат своите работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.