Руската државна агенција за заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“ ги соопшти резултатите од последното истражување поврзано со руската вакцина и новите мутации на коронавирусот кои се раширија низ светот.

Во соопштението за медиумите е наведено дека вакцината „Спутник 5“ е ефикасна против новите мутации на коронавирусот, вклучувајќи ја и британската мутација која според некои студии е отпорна на одредени вакцини.

Истражувањето го спровеле научниците од сибирскиот „Вектор“ институт кој стои зад развојот на уште една руска вакцина против коронавирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна лично побара од овој институт да ја провери ефикасноста на руските вакцини против новите мутации на коронавирусот кои предизвикаа загриженост меѓу научниците.

Новите мутации на коронавирусот предизвикаа загриженост ширум светот откако научниците потврдија дека мутациите се позаразни од изворниот вирус, а според некои анализи дури и посмртоносни.

Руската вакцина „Спутник 5“ доби голем замав откако во текот на овој месец, угледниот научен магазин „Лансет“ ја прогласи за безбедна и ефикасна против коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.