Кампањата на Доналд Трамп за претседателските избори во 2016 година не заговарала со Русија, покажува извештајот на специјалниот советник Роберт Милер, кој две години работеше на истрагата за руската вмешаност во американските претседателски избори и победата на Трамп.

Тој не успеал да најде ниту докази за тоа дали има каква било опструкција на правдата, односно дали претседателот Трамп на каков било начин ја попречувал истрагата.

Во него се вели: “Иако овој извештај не заклучува дека претседателот извршил кривично дело, истото не го ослободува”. Сепак, јавниот обвинител вели дека ова не е прекршок.

“Специјалниот совет не откри дека било кој Американец или официјален претставник на кампањата на Трамп, се заложил или свесно координирал со Русија”, се вели во писмото на државниот обвинител Вилијам Бар.

Конгресменот Џери Надлер, Демократската претседателка на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, нагласи дека јавниот обвинител не ја исклучува можноста дека Трамп ја попречил правдата.

Истрагата е опишана во извештај од четири страници, кој е доставен до јавниот обвинител, кој пак одлучил кои делови ќе ги објави во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.