Првиот комерцијален лет од Израел кон Обединетите Арапски Емирати, одржан денеска, треба да биде голем чекор во нормализација на односите меѓу двете земји по склучувањето на мировниот договор.

Делегација од израелски и американски официјални лица беа дел од тричасовниот лет во израелскиот авион. Леталото прелета преку саудискиот воздушен простор, досега блокиран за израелските авиони.

Обединетите Арапски Емирати се само трета земја на Блискиот исток што го признаа Израел од неговото основање во 1948 година.

ОАЕ во саботата го укинаа законот од 1972 година со кој се бојкотираше постоењето на Израел, а на почетокот на овој месец двете земји отворија директни телефонски линии.

Договорот за нормализација на односите со посредство на САД беше објавен на 13 август.

Иако договорот беше поздравен од поголемиот дел од меѓународната заедница, фактот дека ОАЕ го признаа Израел без услов за создавање палестинска држава за Палестинците значи предавство на нивната цел.

Во замена за воспоставување дипломатски односи со ОАЕ, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи да ги суспендира контроверзните планови за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, земја која Палестинците ја бараат за идната своја држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.