Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан утре има прием во Белата куќа и средба со Претседателот на САД, Доналд Трамп. Станува збор за историски важна посета за цела Југоисточна Европа.

Оваа година, Виктор Орбан е  единствен премиер од Југоисточна Европа што ќе има прием во Белата куќа.

Во име на долгогодишните односи меѓу САД и Унгарија, претседателот и премиерот ќе разговараат за начините да се продлабочи соработката околу различни прашања, вклучувајќи ја трговијата, енергијата и кибернетската безбедност, стои во изјавата.

Во неа се нагласува дека како лидери на НАТО членки, Трамп и Орбан ќе ги разгледаат „можностите да се исполнат обврските за националната безбедност на двете држави“.

Антиимиграционата кампања на Орбан во Европа се споредува со политиките на Трамп за изградба на ѕид на границата со Мексико, и неговите обиди да ги спречи мигрантите да бараат азил во САД.

Најавата за настанот е објавена на официјалната страница на Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.