Терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад врз џамија во североисточната авганистанска провинција Кундуз, соопшти групата на своите канали на Телеграм.

Во нападот на џамијата загинаа 46 лица, а повеќе од 140 се повредени, јави авганистанската државна агенција Бахтар.

Џамијата ја користеле луѓе од малцинската шиитска муслиманска заедница.

На лице место се испратени специјални единици, а очевидци велат дека експлозијата се случила за време на традиционалната петочна молитва.

Во Авганистан во последните недели беа пријавени неколку напади, вклучително и еден врз џамија во Кабул, за кој одговорностa исто така ja презеде Исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.