Водачот на терористичката организација Исламска држава ги повика екстремистите и следбениците да се „одмаздат“ по пукањето во џамиите на Нов Зеланд.

Еден од водачите на терористите Абу Хасан ал Мухајир, наводно го објави повикот на следбениците во 44-минутна аудио снимка, пренесе „Дејли мејл“.

Брентон Тарант, терорист во петокот уби 50 луѓе во две џамии на Нов Зеланд.

Ал Мухајир го прекина шест месечното молчење за да повика на одмазда.

Сцените од масакрот во двете џамии би требало да ги разбудат оние кои беа измамени и би требало да ги поттикне следбениците на калифатот да ја одмаздат својата религија, рекол тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.