Претседателот на САД, Џо Бајден, објави дека му предложил на неговиот руски колега Владимир Путин, летово да одржат состанок во Европа.

Кога разговарав со претседателот Путин, истакнав дека верувам дека директната комуникација помеѓу нас двајца е неопходна за напредок кон поефикасен однос. И тој се согласи со тоа – нагласи Бајден, коментирајќи ја американската политика кон Русија.

Бајден соопшти дека предложил да се сретнат лично на самит во Европ „со цел да се справат со голем број прашања со кои се соочуваат двете држави“.

Бајден го опиша разговорот со Путин како „искрен и полн со почит“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.