Исламска држава прогласи наследник на својот лидер Ал-Багдади, по американскиот упад во неговото скривалиште, со што официјално потврди дека озлогласениот терористички лидер навистина е убиен во операцијата.

Човек по име Абу Ибрахим ал-Хашеми ал-Кураши ќе ја преземе улогата на нов водач на терористичката група, објавија екстремистите преку својата агенција за вести Амак.

Веста дојде откако Пентагон објави снимки од беспилотни летала на кои се гледа рацијата на американските специјални сили, заедно со некои други детали за мисијата.

Џихадистите ја потврдија и смртта на портпаролот на терористичката група, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.