Лекар од Сибир кој го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални откако му се слоши минатата година во Русија, исчезна, соопшти денеска руската полиција.

Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, изјави дека лекарот Александар Мураховски во петокот ја напуштил ловната база во шумата со своето теренско возило и дека оттогаш не е виден, објави Ројтерс.

Наводно, во потрагата се вклучиле службите за итни случаи, дронови, хеликоптер и волонтери на терен.

Мураховски беше главен лекар во болницата во сибирскиот град Омск, каде што се лекуваше Навални.

Потоа беше унапреден во регионален министер за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.