Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој по професија е лекар, повторно ја земал лиценцата за медицинска пракса.

Тој ќе работи една смена неделно за време на епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска портпаролот на кабинетот.

Варадкар работел како доктор седум години пред да ја напушти професијата и да влезе во политика кога во 2013 година бил избришан од медицинскиот регистар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.