Иранските власти уапсиле „израелски шпион“, но и други лица кои биле во контакт со странски разузнавачки служби, објавија иранските државни медиуми, без да ја откријат националноста на уапсените.

Израелски шпион е уапсен во провинцијата Источен Азербејџан … Уапсени се и други шпиони кои биле во контакт со разузнавачки служби на неколку земји – објавија медиумите повикувајќи се на разузнавачки службеник.

Иранскиот медиум Мехр, објави и дека властите привеле неколку шпиони, меѓу кои бил и тој што шпионирал за Израел.

Израел засега не ги коментира таквите информации

Исламската Република Иран не го признава Израел и го обвинува дека е одговорен за саботажи и атентати врз ирански нуклеарни научници.

Ирански државјанин, осуден поради шпионажа за разузнавачки служби на САД и Израел, беше егзекутиран во 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.