Во Иран во последните 24 часа се регистрирани 3.712 нови случаи на корона вирус, што е најголем дневен биланс од февруари.

Вкупно во таа земја се заразени 429.193 лица, од 19 февруари, кога беше забележан првиот позитивен случај.

Портпаролката на министерството за здравство Сима Садат Лари за државната телевизија изјавила дека во последните 24 часа починале 178 луѓе со што вкупниот број достигнал 24.656.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.