Техеран ја отфрли заедничката изјава на лидерите на четирите западни земји од маргините на состанокот на Г20 во Рим за иранската нуклеарна програма.

Лидерите на САД, Франција, Германија и Велика Британија изразија „длабока загриженост“ за иранските нуклеарни активности и го повикаа Техеран да „го промени курсот“.

Преговорите меѓу Иран и европските земји кои потпишаа нуклеарен договор со Техеран во 2015 година од јуни се во застој. САД еднострано се повлекоа од договорот.

Иран, кој инсистира на развој на нуклеарна програма исклучиво за мирнодопски цели, наводно ги прекршил ограничувањата за збогатување ураниум поставени во договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.