Во Иран почна процедура која ќе предвидува забрана и казнување на домашното чување миленичиња и шетањето кучиња.

Најконзервативните пратеници во парламентот поднесоа нов закон со кој шетањето на кучиња ќе се санкционира со високи казни, а автомобили во кои ќе се возат миленичиња ќе бидат запленети на три месеци

Покрај тоа, станодавците нема да можат да изнајмуваат куќа или стан на сопствениците на домашни миленичиња.

Според исламот, чувањето миленичиња во куќата се смета за нечисто, но дел од иранските парламентарци веруваат дека шетањето кучиња предизвикува паника кај населението.

Полицијата неколку пати се обиде да ја воведе ваквата забрана, но тоа не успеа да се реализира, па сега првпат ќе се воведува со закон.

Сепак, познавачите на ситуацијата во Иран очекуваат сопствениците на домашни миленичиња да го игнорираат законот, исто како и претходните забрани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.