Иран ја ослободи руската новинарка Јулија Јужик, која беше уапсена минатата недела, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Техеран.

Како резултат на здружените напори на руското Министерство за надворешни работи и Амбасадата во Техеран, иранската страна одлучи да ја ослободи руската државјанка Јулија Јужик, се посочува во соопштението на Амбасадата на Русија во Техеран.

Јужик денеска треба да се врати во Москва, а во Техеран престојуваше од 1 октомври.

Таа тврдеше дека е приведена под сомнение за шпионажа, а Техеран демантираше и нагласи дека Јужик е осомничена за кршење на законот за визи.

Поранешниот сопруг на руската новинарска Борис Војцеховски претходно на Фејсбук објави дека Јулија го повикала од притвор, наведувајќи дека се соочува со обвинение дека шпионирала во корист на Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.