Иранскиот претседател Хасан Рохани го обвини Израел дека минатиот месец го убил научникот Мохсен Фахризаде само за да почне војна во последните денови од администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Фахризаде важеше за еден од архитектите на иранската нуклеарна програма.

Израел, во текот на изминатата деценија беше осомничен за серија убиства на ирански научници, постојано избегнува да го коментира убиството на Фахризаде.

Иницирањето нестабилност и војна во последните денови од администрацијата на Трамп беше главната намера на ционистичкиот режим со извршениот атентат врз Фахризаде – изјави Рохани.

Иранскиот претседател најави одмазда за убиството на иранскиот научник и рече дека неговата земја нема да дозволи да избие нестабилност во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.