Иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи порача дека арапските земји, кои минатата година ги нормализираа односите со Израел, „направиле грешка“ и мора да ги поништат таквите потези.

Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко соопштија дека ќе ги нормализираат односите со Израел во 2020 година, бидејќи Вашингтон, на чело со тогашниот американски претседател Доналд Трамп, ја стави арапско-израелската кохезија како надворешнополитички приоритет.

Ова е акт против исламското единство, тие мора да се вратат од тој пат и да ја поправат оваа голема грешка. За жал, некои влади направија големи грешки со нормализирањето на (нивните односи) со узурпирачкиот и угнетувачки ционистички режим – истакна Хамнеи, мислејќи на Израел.

Во мај, Хамнеи го опиша Израел како „терористичка база“ и додаде дека тоа „не е држава“.

Ако се постигне единство на муслиманите, палестинското прашање дефинитивно ќе биде решено на најдобар начин – изјави Хамнеи.

Иранскиот врховен лидер ја испрати пораката по повод официјалната прослава во чест на раѓањето на пророкот Мухамед.

До минатата година Египет и Јордан беа единствените две арапски држави кои ги нормализираа односите со Израел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.