Иран објави рекорден број на нови смртни случаи регистрирани во еден ден од Ковид-19 во четвртокот, бидејќи дневна бројка на починати достигна 221 лице. Претходниот рекорд беше 200, кој беше регистриран на почетокот од оваа недела.

Здравствените власти во земјата исто така забележаа дека од претходното ажурирање се регистрирани 2.079 нови случаи на коронавирус.

Досега, Иран регистрирал 12.305 смртни случаи од Ковид-19 и регистрирал повеќе од 250.000 случаи на заболување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.