Иранското Министерство за здравство соопшти дека во земјата ќе пристигнат 250.000 дози од вакцината на кинеската компанија „Синофарм“.
Заменик-министерот за здравство Алиреза Раиси соопшти дека Иран ќе добие вакцини и од други производители, вклучително и оние произведени во Индија, и тоа во „блиска иднина“.
Овој месец Иран увезе 120.000 дози вакцина „Спутник“ од Русија, а според извештаите на локалните медиуми, Иран нарачал вкупно два милиони дози од Русија.
Иран во декември почна со тестирање вакцина од домашно произведство, која треба да биде готова на пролет и веднаш да им биде достапна на граѓаните, а соработува и со Куба за развој на заедничка вакцина.
Иран смета и на 17 милиони дози вакцини од програмата „Ковакс“ и уште неколку милиони од други земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.