Повеќе ракети синоќа се истрелани врз воздушната база Балад во Ирак, во која има сместено американски војници.

Според ирачките медиуми, три ракети „Катјуша“ паднале во воздушната база, што се наоѓа на 80 километри северно од Багдад.

Ракетите не предизвикале голема материјална штета ниту имало жртви.

Во последните месеци голем број ракети или други проектили погодија бази во кои има сили на американската коалиција. За таквите напади САД ги обвинува милициите што имаат поддршка од Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.