Меѓународната полициска организација Интерпол предупреди дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19 и да се обиде да вметне во продажба лажни, односно фалсификувани вакцини.

Од Интерпол соопштија дека е издадено глобално предупредување во 194 земји-членки на оваа организација, со препорака да се подготват за таква можност, како оперативно на терен, така и на виртуелната мрежа.

Предупредувањето се однесува и на можни обиди преку глобалната интернет мрежа да се најдат понуди за лажни терапии кои можат да го загрозат здравјето и животот на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.