Инфекциите со коронавирусот растат со алармантна брзина осум последователни недели, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), додека вирусот непречено се шири низ жариштата во неколку делови на светот.

Минатата недела беа пријавени повеќе од 5,2 милиони нови случаи, што е највисоко за една недела од почетокот на пандемијата, рече претседателот на СЗО Тедрос Гебрејесус за време на брифингот во Женева.

Смртмоста исто така е во нагорна линија петта недела по ред, рече тој, а пандемијата сега официјално однесе повеќе од три милиони животи.

Гебрејесус предупреди дека темпото на пандемија се забрзува, дури и сега кога некои земји веќе имаат подобрени програми за вакцинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.