Повеќе од 90% од случаите позитивни на ковид во Велика Британија сега се од варијанта Делта, која е откриена за прв пат во Индија, откриваат податоците, бидејќи вкупниот број на потврдени случаи поминал 42,000

Позната и како Б.1.617.2, варијантата Делта е поврзана со пораст на случаите во Велика Британија во изминатите недели. Се верува дека се шири полесно од алфа варијантата, Б.1.1.7, која за прв пат е откриена во Кент, и е нешто поотпорна на вакцините против ковид, особено по само една доза. Се поврзува и со поголем ризик од хоспитализација, пишува британски Гардијан.

Сега, Институтот за јавно здравје на Англија (PHE) открива дека до 96% од новите случаи на Ковид во Велика Британија ја вклучуваат варијантата Делта и дека има околу 60% зголемен ризик од пренесување во домаќинствата во споредба со алфа варијантата.

Извештајот понатаму открива дека случаите на вирусот се удвојуваат помеѓу секои 4,5 и 11,5 дена, во зависност од регионот, додека досега потврдените случаи се зголемени од 29.892 на 42.323.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.