Вкупниот број на заразени со делта сојот на коронавирус во Велика Британија се зголеми за 29.892 и изнесува 42.323, објави денес Институтот за јавно здравје на таа земја.

Истата институција навела дека оваа варијанта, попозната како индиски сој, сочинува 90% од новоинфицираните лица во Велика Британија.

Оваа бројка бележи голем скок од 12.431 случај на Делта, пријавени минатата недела.

Сепак, експертите наведуваат дека податоците не се добри за споредба, бидејќи од оваа недела се користат нови тестови за тој генотип, според кој случаите на делта варијантата сега може да се потврдат во рок од 48 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.