Повеќе од 60 проценти од новите случаи на корона вирус во главниот град на Португалија, Лисабон, се должат на варијантата Делта, (позната како индиска мутација), соопштија од Националниот здравствен институт.

Поради стравувањата од зголемување на заразените со тој сој, Лисабон од петокот е во блокада, што заврши утрово. За време на периодот на карантин, на 2,8 милиони луѓе кои живееја во градот им беше дозволено да ги напуштат своите домови само поради итни причини.

Влегување во главниот град е дозволено само во посебни околности.

Во зависност од ситуацијата, властите ќе одлучат дали да воведат ваква блокада на крајот на следната недела – од 25 до 28 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.