Во Индија, во последните 24 часа се потврдени 53.370 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на пријавени е повеќе од 7,8 милиони, соопшти Министерството за здравство.

Од последното ажурирање, 650 лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 117.956 лица.

Индија има помал број на ново инфекцирани на ден во споредба со пикот на епидемијата во септември, кога имаше речиси 100.000 нови случаи на ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.