Во Индија денеска е аплицирана милијардитата доза на вакцина против Ковид-19.

Ваквата објава на министерството за здравство доаѓа шест месеци по експлозивниот скок во бројот на случаи, што предизвика загриженост за состојбата на здравствената заштита во државата.

Според владата, речиси три четвртини од возрасното население во земјата од 1,3 милијарди примиле барем една доза, а околу 30 проценти се целосно вакцинирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.