Вкупниот број на заразени во земјата достигна 4.754.356, а бројот на починати како последица од корона вирусот изнесува 78.586 лица, откако властите потврдија 1.114 дополнителни смртни случаи поврзани со вирусот.

Вкупниот број на оздравени лица достигна вкупно 3.702.595 лица, што е пораст за 78.399 од објавувањето на последното ажурирање.

Индија го надмина Бразил во бројот на потврдени случаи на вирусот Ковид-19, со што стана втора најпогодена земја во светот, јавува Агенција Анадолија. Локалните експерти тврдат дека до крајот на септември, Индија може да ги надмине дури и САД во бројот на случаи на заразување со Ковид-19

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.