Индија во вторникот регистрира највисоки дневни смртни случаи како последица од корона вирус во повеќе од еден месец, иако забавува бројката на новозаразени, стои во податоците на Министерството за здравство, пренесува Ројтерс.

Надлежните соопштуваат дека 1.133 лица починале од Ковид-19 во последните 24 часа, највисоко од јули, со што вкупната бројка на починати се искачи на 72.775 лица. Бројот на нови дневни случаи изнесува 75.809 лица, што е најниско во изминатата една недела.

Индија го престигна Бразил во понеделникот и стана земја со најмногу случаи на корона вирус, но далеку од САД каде кумулативно беа заразени 4,28 милиони жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.