Мајка на двегодишно и 11-годишно дете од Омаха во понеделникот беше осудена на 102 години затвор за полов напад две малолетни момчиња, другари на нејзината ќерка кои доаѓале да си играат и да ја поминат ноќта во нивната куќа.

Обвиентата Кристина Грир (38) се теретеше  за сексуален напад врз момчиња на возраст од 12 и 13 години во три наврати во текот на 2017 и 2018 година, пренесува „Њујорк пост“. Таа беше прогласена за виновна по шест точки за злоупотреба на деца и две точки за влијаење врз сведоци.

Обвинителите пред судот откриле дека Грир им давала на момчињата помали количини алкохол и колачиња со марихуана. Ги натерала и да ги избришат сите докази од нивните мобилни телефони и да не кажуваат никому за нивните сексуални средби. Истражителите, сепак, пронашле експлицитни фотографии на осудената жена во мобилниот телефон на едно од децата.

Според обвинителите, 13-годишното момче в полиција кажал дека имал секс со Грир три пати, а нејзината ќерка пред судот сведочела дека ја слушнала нејзината мајка како се бакнува со него во спалната соба. Друг неименуван тинејџер им рекол на обвинителите дека ќерката на Кристин Грир му открила за сексуалните односи што нејзината мајка ги имала со едно од момчињата, што на крајот доведе до нејзино апсење.

Според законот во Небраска, Грир мора да одлежи 32 години затвор пред да има право на условна слобода. Ако не ѝ биде дозволено, таа мора да биде пуштена од затвор по 51 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.