Во повеќето делови на Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев, интернет-врската беше прекината откако руската армија влезе во земјата и ја гранатираше клучната инфраструктура, јавува CNBC.

Вицепремиерот на Украина и министер за дигитална трансформација Михаил Федоров се обрати на Маск со следнава порака:

Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс – Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената – руски ракети напаѓаат украински цивили! Ве молам обезбедете ѝ на Украина станици Starlink и побарајте од нормалните Руси да престанат, додаваат американските медиуми.

Доцна во саботата, Маск одговори на пораката на Федор на Твитер:

Услугата Starlink сега е активна во Украина. Повеќе терминали на пат.

Сателитската услуга Starlink има за цел да обезбеди пристап до интернет во региони во светот кои моментално не се опслужени од провајдери на широкопојасен интернет.

Тоа им овозможува на луѓето да се поврзат на интернет преку сателитска антена поставена на или во близина на нечиј објект, која прима сигнал од сателитите SpaceX лансирани во орбитата и од земните станици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.