Илјадници луѓе во Индија станале жртви на разработена шема за измама која продава лажни вакцини за корона вирус.

Како што соопшти високиот полициски службеник во Мумбај, Висал Такур, во најмалку 12 лажни акции за вакцинирање биле вакцинирани и лекари и медицински работници

Тие користеле само  инјекции со солена вода. Тоа го прваеле во секој лажен камп што го имале – изјави Такур.

Околу 2.500 лица примиле лажни вакцини, а организаторите за вакцинација им наплатиле на жртвите за вакцините, заработувајќи вкупно 28.000 долари.

Ги уапсивме лекарите кои користеа болница што произведува лажни сертификати, шишиња, шприцеви – изјави Такур.

Досега се уапсени 14 лица под сомнение за измама, обид за убиство, заговор и низа други кривични дела.

Индија беше погодена од втор бран на корона вирус помеѓу април и почетокот на јуни, кога беа заразени милиони и почина десетици илјади луѓе низ целата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.