Неексплодирана бомба од Втората светска војна откриена во англискиот град Ексетер на приватно земјиште во близина на локален студентски дом предизвика евакуација на илјадници луѓе.

Илјадници лица се евакуирани од домовите во градот каде властите сè уште ја испитуваат експлозивната направа, која ќе биде детонирана – пренесe „Гардијан“.

Полицијата направи кордон околу бомбата, долг 400 метри, а 2.600 домаќинства беа евакуирани во петокот вечерта и денеска.

Покрај домаќинствата, беа испразнети и 12 универзитетски сали во зградата, а евакуирани се и 1.400 студенти од кампусот.

Универзитетот во Ексетер потврди дека студентите биле префрлени во хотели и добиле „предмети за лична употреба и храна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.