Во индонезиската област Источен Мал Сунди, дојде до ерупција на вулканот Левотолок, а поради последиците од ерупцијата, илјадници луше мораа да ги напуштат своите домови.

Според медиумите во Индонезија, по експлозијата, вулканот исфрлил големи количини прашина и чад до 17 километри кон небото, што директно ја загрози безбедноста на населението кое живее во близина. Поради тоа, повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани.

Од Центарот за геолошки опасности во Индонезија наведуваат дека подрачјето во близина на вулканот е преплавено со лава и отровни гасови.

Досега не се забележани жртви, ниту поголем аштета на објектите по ерупцијата. Сепак, поради ерупцијата аеродромот „Вунопиту“ е затворен.

Поради својата положба, во Индонезија постојат голем број вулкани, а од нив 130 во моментот се активни. Покрај вулкани, затоа што се наоѓа на Пацифичкиот огнен појас, подрачјето на индонезија често е погодено од земјотреси, бури и други природни катастрофи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.