Стотици авганистански работници кои работеле за американската војска, заедно со нивните семејства, привремено ќе бидат сместени во воена база во Вирџинија, поради страв од одмазда од Талибанците по повлекувањето на странските сили од Авганистан.

Околу 700 преведувачи и други Авганистанци кои и помагаа на американската војска, како и нивните семејства – вкупно околу 2.500 луѓе, ќе бидат стационирани во Форт Ли, копнена воена база лоцирана на околу 200 милји јужно од Вашингтон. Овие се храбри Авганистанци – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Нед Прајс.

Тој нагласи дека тие биле подложени на интензивни безбедносни проверки и дека работат на добивање имигрантски визи.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби појасни дека овие Авганистанци, кои нема да пристигнуваат во САД во исто време, треба да останат во Форт Ли неколку дена.

Овие луѓе и нивните семејства се во завршна фаза на стекнување статус на имигрант, така што нема потреба да остануваат во воена база долго – изјави Кирби.

Тој додаде дека други Авганистанци што работеле за САД, треба да бидат примени во американските бази во странство.

Околу 20.000 Авганистанци кои работеле за американската војска, пред се како преведувачи, досега побараа евакуација во САД со своите семејств

Се проценува дека ќе теба да бидат евакуирани вкупно околу 100.000 луѓе.

Предвидено е летовите за евакуација да почнат во последната недела од јули, додека американските сили треба да го завршат повлекувањето од Авганистан на 31 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.